Светот го затекна веста за смртта за еден од најнасмеаните актери. Робин Вилијамс е пронајден мртов во неговиот дом. Имаше 63 години.
63-годишниот холивудски актер и оскаровец е пронајден мртов во својот дом.
Неговиот менаџер не сакаше да открие детали за смртта, но се претпоставува дека се работи за самоубиство, објавија медиумите
Актерот се лечел од депресија и постојат сомнежи дека се работи за самоубиство. Истрагата која е во тек ќе покаже дали има вистина во сето тоа.
„Во последно време се бореше со тешка депресија. Ова е трагична и изненадна загуба. Семејството замолува за приватност додека тажи во овие тешки времиња“, изјави неговата менаџерка Мара Буксбаум за СиЕнЕн.
Според првичните информации Вилијамс последен пат бил виден вечерта на 10 август околу 22 часот.
Го пронашле мртов следното утро.
Судските вештаци се сомневаат дека смртта е самоубиство предизвикано со загушување.
„Утрово, го загубив мојот сопруг и најдобар пријател, а светот изгуби еден од најсаканите артисти и прекрасни човечки суштества. Срцето ми е скршено“, изјавила неговата сопруга, Сузан Шнајдер.
Се надеваме дека сеќавајќи се на него нема да ви е во фокусот неговата смрт туку безбројните моменти на радост и смеа кои им ги подаруваше на милиони во целиот свет, изјави Сузан
Сузан е негова трета сопруга со која е во брак од 2011.
Робин последната фотографија која ја поставил на инстаграм била токму со неговата ќеркичка додека била мала – со која и го честитал 25 роденден.
Таа е сега актер исто како нејзиниот татко.
Робин имал проблеми со дрога и алкохол уште од стартот на својата кариера.
Долги години се борел, а во јули бил примен и во клиника за рехабилитиација на таканаречениот 12 чекори програм за рехабилитација.
За време на престојот во клиниката отишол во еден локален ресторан каде е направена и една од неговите последни фотографии кои ја шокираа јавноста. Исушен, тажен, испиен – наместо насмеаниот робин кого сме навикнати да го гледаме.
Веста за смртта на Вилијамс ја шокираше целата забавна индустрија, а комичарот Стив Мартин напиша на Твитер:
Поранешниот домаќин на СиЕнЕн, Лари Кинг, изјави дека ќе се сеќава на Вилијамс како човек што се грижи за сите. „Не беше само смешен човек, туку човек кој навистина се грижеше за другите“.
Робин Вилијамс беше четири пати номиниран за Оскар, а го доби за споредна улога во филмот „Добриот Вил Хантинг“
Тој има глумено во многу филмови, а позначајни улоги му се во: Mrs. Doubtfire, Night at the Museum, Jumanji.
Оскарот го доби за споредна машка улога во Good Will Hunting во 1997 година.