Збогум Робин Вилијамс – го засмејуваше цел свет, а тој обземен со тага – боледувал од депресија


Светот го затекна веста за смртта за еден од најнасмеаните актери. Робин Вилијамс е пронајден мртов во неговиот дом. Имаше 63 години.

robin vilijams63-годишниот холивудски актер и оскаровец е пронајден мртов во својот дом.

article-2722409-207571B000000578-103_634x447Неговиот менаџер не сакаше да открие детали за смртта, но се претпоставува дека се работи за самоубиство, објавија медиумите

Актерот се лечел од депресија и постојат сомнежи дека се работи за самоубиство. Истрагата која е во тек ќе покаже дали има вистина во сето тоа.

„Во последно време се бореше со тешка депресија. Ова е трагична и изненадна загуба. Семејството замолува за приватност додека тажи во овие тешки времиња“, изјави неговата менаџерка Мара Буксбаум за СиЕнЕн.

Според првичните информации Вилијамс последен пат бил виден вечерта на 10 август околу 22 часот.

suzan i robinГо пронашле мртов следното утро.

Судските вештаци се сомневаат дека смртта е самоубиство предизвикано со загушување.
„Утрово, го загубив мојот сопруг и најдобар пријател, а светот изгуби еден од најсаканите артисти и прекрасни човечки суштества. Срцето ми е скршено“, изјавила неговата сопруга, Сузан Шнајдер.
Се надеваме дека сеќавајќи се на него нема да ви е во фокусот неговата смрт туку безбројните моменти на радост и смеа кои им ги подаруваше на милиони во целиот свет, изјави Сузан
Сузан е негова трета сопруга со која е во брак од 2011.
Робин последната фотографија која ја поставил на инстаграм била токму со неговата ќеркичка додека била мала – со која и го честитал 25 роденден.
Таа е сега актер исто како нејзиниот татко.
article-2722409-20757DB500000578-646_634x534article-2722409-20758D4F00000578-142_306x423
Робин имал проблеми со дрога и алкохол уште од стартот на својата кариера.
Долги години се борел, а во јули бил примен и во клиника за рехабилитиација на таканаречениот 12 чекори програм за рехабилитација.
За време на престојот во клиниката отишол во еден локален ресторан каде е направена и една од неговите последни фотографии кои ја шокираа јавноста. Исушен, тажен, испиен – наместо насмеаниот робин кого сме навикнати да го гледаме.
article-2722409-20758D7B00000578-759_306x423
Веста за смртта на Вилијамс ја шокираше целата забавна индустрија, а комичарот Стив Мартин напиша на Твитер:

Screenshot_30

Поранешниот домаќин на СиЕнЕн, Лари Кинг, изјави дека ќе се сеќава на Вилијамс како човек што се грижи за сите. „Не беше само смешен човек, туку човек кој навистина се грижеше за другите“.

Робин Вилијамс беше четири пати номиниран за Оскар, а го доби за споредна улога во филмот „Добриот Вил Хантинг“

Тој има глумено во многу филмови, а позначајни улоги му се во: Mrs. Doubtfire, Night at the Museum, Jumanji.

Оскарот го доби за споредна машка улога во Good Will Hunting во 1997 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1