Некои градинки самоволно го кратат работното време – еве до кога треба да чуваат деца


Воспитувачки од детските градинки честопати им се јавуваат на родителите пред истекот на работното време на овие установи да дојдат и да си ги земат децата. Како причина го кажуваат скратеното работно време на градинките во летниот период.

otkrivat-nova-detska-gradina-za-140-deca-v-sofiq-135255Родителите во паника се обидуваат да најдат начин некој од блиските да го земе детето од градинката. Велат дека таквата состојба им предизвикува стресна состојба, зашто претходно не биле известени за скратеното работно време на градинките во летниот период. Нивната реакција е поради тоа што некои градинки го кратат работното време, а тие и лете работат со ист број часови во текот на денот. Ваквите случаи, според родителите, се повториле во неколку скопски градинки во населбите Аеродром, Чаир и Центар, пишува Нова Македонија.

Надлежните во градинките велат дека овие случаи не се практика, односно дека тоа се индивидуалци, кои од различни причини сакале порано да си одат од работа.

– Излегов од работа навреме, но по пат ме фати невреме. Улиците станаа непрометни и не можев да стигнам во вообичаеното време да го земам синот од градинка. Оттаму ми се јавија да ме прашаат кога ќе стигнам во установата. Им ја објаснив состојбата, за која веројатно и самите беа свесни, зашто дожд паѓаше во целиот град. Кога стигнав, вработената во градинката дрско ми рече дека работат со скратено работно време и дека во летниот период ќе морам порано да го земам синот – објаснува Елена Т., мајка на тригодишно момче.

gradinka decaВработените во градинките работат во смени. Ако една негувателка дојде во 6 часот, тогаш таа порано го напушта работното место, додека, пак, таа што доаѓа во 10.30 часот останува до крајот на работното време на градинката.
Надлежните во градинките велат дека не смее да се случи децата да останат сами, односно во градинката да нема ниедна негувателка или воспитувачка.

Листата со работното време надлежните на градинките имале обврска да ја истакнат на надворешната врата на секој објект од овие установи.

– Скратено работно време, дури и во летниот период, не важи за градинките. Наша обврска е да ги згрижиме децата до 18 часот, односно додека не дојдат родителите да ги земат децата. Во случаи кога се пречекорува времето, должност ни е да им се јавиме на родителите и да ја дознаеме причината за нивното ненавремено земање на детето – објаснува директорката Спирова.

Инаку, воспитувачите имаат право да ги контактираат родителите само ако нивното дете се повреди во градинката, или, пак, ако качи температура, добие алергија и слично.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1