Глумецот Робин Вилијамс пронајден мртов – се претпоставува дека се самоубил


63-годишниот холивудски актер и оскаровец, Робин Вилијамс е пронајден мртов во својот дом денеска околу пладне по локално време. Неговиот менаџер не сакаше да открие детали за смртта, но се претпоставува дека се работи за самоубиство, објавија медиумите

Robin-Williams2-612x320Актерот се лечел од депресија и постојат сомнежи дека се работи за самоубиство. Истрагата која е во тек ќе покаже дали има вистина во сето тоа. Според првичните информации Вилијамс последен пат бил виден вечерта на 10 август околу 22 часот. Го пронашле мртов следното утро.

Робин Вилијамс беше четири пати номиниран за Оскар, а го доби за споредна улога во филмот „Добриот Вил Хантинг“

Тој има глумено во многу филмови, а позначајни улоги му се во: Mrs. Doubtfire, Night at the Museum, Jumanji.

Оскарот го доби за споредна машка улога во Good Will Hunting во 1997 година.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1