Здрава храна во Владата – риба и морски плодови – еве за колку пари


Службата за општи и заеднички работи објави оглас за набавка на свежа и замрзната риба и морски плодови, а услугата која ја бара ја проценила на 420.000 илјади денари без вклучен ДДВ.

 За набавка на риба и морски плодови службата за општи и заеднички работи навела во огласот дека ќе користи електронска аукција.
Losos-500x327
„Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во постапка. Предмет на аукцијата е вкупната цената на предметот на договорот за јавна набавка со сите вклучени попусти без данок на додадена вредност, односно најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.
Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; како и интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени). За да можете да учествувате на електронската аукција, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН“, стои во дополнителната информација во врска со електронската аукција.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1