Здравствениот инспекторат испитува како починале пациентите од ковид-19 во штипската и другите болници


По вчерашниот случај, кога почина пациентка на Инфективното одделение во болницата во Штип, Државниот здравствен и санитарен инспекторат, направи вонредна инспекција при што е земена целата документација за хоспитализираната пациентка.

Заврши вонредниот инспекциски надзор во штипската болница во инфективното одделение каде почина 41 годишна пациентка за која семејството тврди дека не успевала да добие лекарско внимание, односно дека не можела да добие никој од медицинскиот кадар да и донесе боца кислород во последните мигови од животот.

-По инспекцијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, со решение му е наредено на директорот доктор Ален Георгијев веднаш да ја свика комисијата за следење на квалитет која ќќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход. Директорот е задолжен во рок од три дена писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на комисијата. Независно од работата на комисијата, во текот на денешниот ден, ДСЗИ ќе иницира стручен надзор до Министерството за здравство, вели за ,,Слободен печат” директорката на инспекторатот, доктор Ирина Сотирова Бухова.

Државниот здравствен инспекторат информира и дека стручни надзори за пациенти починати од ковид 19, за последните два месеца се иницирани и за пациент од Свети Николе, два од Струмица и од Ресен. Во тек се инспекциските надзори за починатите пациенти од Тетово Кавадарци, Битола и Крива Паланка.

Од страна на ДСЗИ, во наредниот период ке бидат извршени и надзори за уште четири пациенти починати од ковид 19.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1