Дали МВР ќе преземе мерки против реисот Сулејман Реџепи и владиката Агатангел, бидејќи за првиот на социјалните мрежи излезе фотографија на која тој е со оружје, додека вториот шири омраза и повикува на крвопролевање, праша пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири на седницата за пратенички прашања.
Заменик-министерот за внатрешни Агим Нухиу рече дека доколку соберат доволно докази министерството ќе постапи. Тој додаде дека дополнително писмено ќе му одговори на пратеникот.
– Верските заедници не се над законите. На социјалните мрежи има фотографија на поглаварот на ИВЗ со оружје во раце, што е недозволиво. Дали МВР ќе преземе мерки кон реисот? И дали ќе преземе мерки кон владиката Агатангел кој со своите изјави создава омраза емѓу граѓаните и повикува на крвопролевање – праша пратеникот Зекири.
Заменик-министерот Нухиу одговори дека никој нема да биде над законот.
– Ако се соберат сите докази, ќе постапиме – рече Нухиу.