За сите хонорари кои се исплаќаат по 1 јануари 2015 година, давачките кон државата треба да се подмират најдоцна до 15 во месецот за претходниот месец, без разлика дали на хонорарецот му се исплатени или не парите, информираат од УЈП.
„Укажуваме дека исплатата на хонорарите на сметка на хонорарците треба да се врши согласно роковите кои ги договориле договорните страни, а како и досегашната пракса и обврска, исплатувачот во моментот на исплатата на хонорарот истовремено треба да го пресмета и уплати персоналниот данок. Што се однесува пак до пресметката на придонесите за договорите за дело и авторските договори, истите потребно е да се подготват и достават до УЈП најдоцна до 10-ти во месецот, а уплатата на придонесите да се изврши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец, независно од тоа дали хонорарот е исплатен или не е исплатен“, се наведува во соопштението кое е поставено на веб страницата на УЈП. За да биде уште покомплицирано додадена е Напомена: Исплатата на надоместокот се врши согласно роковите утврдени во договорот, при што во моментот на исплата на надоместокот доспева обврската за пресметување и уплата на персоналниот данок на доход. ( ова малку е нелогично во однос на горе нашишаното – придонесот сега се плаќа по уплата или пред уплата??)
За кои договори постои обврска за плаќање на придонеси?
Обврската за пресметување и уплата на придонесите не се однесува на договорите кои се реализирани заклучно со 31.12.2014 година, а за кои исплатата на приходите за извршената работа/услуга е во 2015 година.
За договори склучени во период пред 01.01.2015 година кои продолжуваат со важност на извршување и по 01.01.2015 година, постои обврска за пресметување и плаќање на придонеси.
Од УЈП објаснуваат и со табели кои лица и во кој случај имаат обврска за плаќање на придонеси.
лице со еден договор
лице со повеќе договори
Од Управата на нивната веб страница го објавија и клиентскиот софтвер за пресметка во кој ќе бидат вградени сите новини во врска со пресметките на придонесите за договорите за дело и авторските договори, како и насоки за поднесување на пресметките. За сите хонорари кои се повисоки од минималната плата, или за збирот на повеќе хонорари кои ја надминуваат минималната плата ќе треба да се издвои и 18 проценти за пензиско и инвалидско осигурување, и 7,3 проценти за задолжително здравствено осигурување, или вкупно 35,3 проценти.
Плусинфо.мк