Зелено, црвено, зелено, црвено – се шекнаа семафорите во Скопје – колони колку сакаш


Замената на системот за контрола на семафорите и покрај најавите дека ќе се случува ги изненади сите, се направија колони возила, а возачите збунето претрчуваа по пешачкиот бидејќи зеленото светло траеше само неколку секунди

partizanska-semaforКолони од возила на раскрсниците, нервозни пешаци, полицајци кои го регулираат сообраќајот и семафори кои светат неконтролирано. Вака е деновиве низ центарот на метрополата, особено во најфреквентните часови кога граѓаните се враќаат од работа –  возачите упорно свиреа жалејќи се дека многу чекаат на раскрсниците за да поминат, а пешаците нервозно мораа да претрчуваа преку пешачкиот бидејќи за нив зеленото светло на некои улици светеше речиси по само три секунди, пишува Вечер.

Завршени се голем дел од улиците а деновиве екипите продолжуваат на потегот Партизански одреди и цел потег на булеварот Илинден.

Од СВР Скопје велат дека сегде е присутна сообраќајна полиција каде е побарано да има физичка регулација на сообраќајот додека се одвива зафатот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1