Земале станови како социјални случаи во Охрид – сега си ги издаваат на туристи


Иселени три семејства од социјалните станови во Охрид.Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор им го раскина договорот бидејќи не плаќале закуп,ниту комунални давачки. Краделе струја  од соседите, а становите добиени од државата ги реиздавале, јавува Канал5

ohrid

Во лето си сместувале гости,  а од тоа добро заработувале. Некои брачни другари се разведувале за да добијат уште еден социјален стан.

– Многу поопасна категорија социјални станови кои ги издаваат на други посебно во летниот период. Стварно има загрижени граѓани на кои им се потребни станови а имаме луѓе кои го добиле социјалниот стан го издаваат под наем.

Во овој момент иселивме три а сега следуваат уште четири пет што стварно ги иселуваме во наредниот период, вели директор на Агенцијата за станбен и деловен простор Охрид.

Нарушувања на јавниот ред и мир , викотници, недоразбирања, тепачки  и кражби се дел од честите интервенциите на полицијата.

– Најчесто има пријава за нарушен јавен ред и мир со физички напад и тепачки, такви случаеви. Полициската станица  реагира навреме и поднесува барање за поднесување на прекршочна постапка , вели Добре Петрески  од одделението за превенција.

Во Охрид се изградени 71 социјален стан во кои од  2011 година живеат исто толку социјално загрозени семејства. Според анализите на Центарот за социјални работи  во градот е потребна изградба на уште една зграда.

– Сметам дека  доколку се изгради уште една со седумдесетина или стотина станови ќе може  проблемот до некаде да се ублажи, вели Екрем Каљоши директор на Центарот за социјални работи.

250 социјално загрозени лица од Охрид  од локалната самоуправа користат субвенции за покривање на комуналните давачки, но истите и натаму имаат заостанати долгови  кон сите јавни претпријатија и ЕВН.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1