Земан: Бегалците ќе го воведат шеријатското право, ќе каменуваат жени, ќе сечат раце


Претседателот на Чешка, Милош Земан, предупреди дека имигрантите од муслиманските земји коишто доаѓаат на европскиот континент, ќе го почитуваат шеријатскиот наместо чешкиот закон.

Заман вели дека, во согласност со своите строги религиозни правила, муслиманските доселеници ќе ги каменуваат неверните жени, ќе им ги сечат рацете на крадците и со бурки ќе ја покријат женската убавина.burka

„Ќе ни биде скратена женската убавина, бидејќи тие ќе бидат покриени од глава до петиците. Тоа ќе биде предност за некои жени, но тие се ретки“, изјавил Земан при посетата на селото Лехотица, на истокот од Чешка.

Британскиот весник Daily Mail наведува дека во Чешка, според податоците од полицијата, од почетокот на годината влегле повеќе од 7.200 мигранти.

Чесите го поздравуваат тврдиот став на Унгарија во врска со мигрантите. Земан, според претходниот договор на премиерите на земјите од ткн Вишеградска група, најави симболично испраќање на чешки полицајци на границата во знак на солидарност со соседите Унгарци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1