Влеговме во еколошки минус и од денес живееме на кредит!
Имено, светското население досега ги потрошило сите природни ресурси кои планетата може да ги произведе за една година.
Оваа година влеговме во „црвена зона“ многу порано отколку во 2013 година и дури еден месец порано од 2000 година.
Ова го соопштиле од Светскиот фонд за заштита на природата (World Wide Fund for Nature).
“Earth Overshoot Day” е датумот во годината кога човештвото потрошило повеќе природни рсурси отколку што Земјата може да ги обнови за истиот период.
Овој фатален датум, секоја година се поместува во негативна насока, а првиот праг е одреден прв пат на 19 декември 1987 година како последица на демографксиот и економскиот раст во почетокот на седумдесетите години од 20-от век.
Според податоците на Светкскиот фонд за заштита на природата, потребна е една ипол планета за да се произведат доволно ресурси за потребите на човештвото.