Земјата пропаѓа – Дупка во Русија не престанува да се шири (Видео)


Чудна дупка во североисточна Русија станува се` поголема, а дрон на телевизијата Раша тудеј успеал да долови нејзината вистинска големина и моќ.dupkata-vo-rusija-ne-prestanuva-660x300-630x286

Прво на мета на нејзиното ширење било местото Соликамск, а дупката тогаш била широка околу 30 метри. Од појавувањето во ноември 2014 година до денес, таа се проширила на вртоглави 125 метри во пречник.

Дупката не покажува знаци на успорување додека околното тло полека тоне и исчезнува во нејзината длабочина која изнесува околу 75 метри.

Се претпоставува дека дупката првично настанала како последица на поплави кои го зафатиле регионот на некогашниот рудник.

Во близина, пак се наоѓа активен рудник чиј челници го уверуваат населението, дека дупката не претставува опасност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1