Ги силувал следбеничките – водач на култ доби 23 години затвор


Водач на маоистички култ во Велика Британија, осуден за силувања и физички злоставувања на своите следбенички и држење во заточение на сопствената ќерка повеќе од 30 години, започна во петокот со отслужувањето на 23-годишната затворска казна.

Сега 75-годишниот Аравиндан Балакришнан, познат како „другарот Бала“, сексуално ги понижувал и физички и психички ги злоставувал жените кои ги држел под контрола. Обвинителите велат дека својата комунистичка комуна на југот од Лондон ја претворил во личен култ со следбеници кои верувале дека тој е божество.kult vodac

Неговата ќерка Кети Морган-Дејвис, која е родена од една од следбеничките, исто така била злоставувана, многу ретко ја напуштала куќата и никогаш не одела во училиште, не си играла со други деца и не била на лекар.

„Сакаше насилство и тоталитарна диктатура. Сакаше да биде таков, како Сталин, Мао или Пол Пот“, изјави Кети за телевизијата Sky.

Балакришнан, низок побелен старец со очила, ги отфрла сите обвиненија, но судот во Лондон во декември минатата година го прогласи виновен за злосторства кои траеле 34 години, вклучително и за свирепост кон деца, незаконско лишување од слобода, силување и непримерни напади.

Во 1970-те години почнал како харизматичен водач на комунистичка група во јужен Лондон наречена Работнички институт, кој го промовирал учењето на Мао Цетунг, основачот на комунистичка модерна Кина. Меѓутоа, со текот на времето бројот на следбениците се намалил, мажите биле избркани, а на преостанатите жени мозокот толку им го „измил“ што започнале да веруваат дела Балакришнан е семоќен.

Им се заканувал со наводна машина за контрола на умот која ја нарекол „Jackie“ што е акроним од Jehova (Јахве), Allah (Алах), Christ (Христос), Krishna (Кришна) и Immortal Easwaran (Бесмртниот Еасваран, индиски учител за медитација).

Британската јавноста дозна за овој случај која Кети,на 30-годишна возраст, во 2013 година успеала да избега, заболена од дијабетес и хроничен постравматски стрес.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1