Земјата пука – Тектонските плочи се поместуваат


Земјата почна да пука. Ова шокантно откритие го направиле научници кои утврдиле дека една од најголемите тектонски плочи, од составот на Земјината кора започнала да попушта, алармира “Ел Паис”.

earth_06122012Научниците забележале дека по земјотрес во Суматра од 8,7 степени според Рихтеровата скала се случиле четири сериозни пукања на тектонските плочи, два часа подоцна се случил вториот земјотрес што бил со нешто помала моќност – 8,2 степени според Рихтер. Поради што испукала плоќата под океанското дно.

Според универзитетскиот професор во Јужна Калифорнија, Торн Лаи, стануваме сведоци на почетокот на формирање на нови граници меѓу самите плочи. Деструктивните и катастрофалните земјотреси во Суматра предизвикаа и необичен ефект од другата страна на Пацификот. Тие предизвикале зголемена сеизмичка активност во Калифорнискиот дел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1