Земјата пукнала и го поделила селото на два дела (Фото)


Десетици семејства во селото Отумпа во Аргентина, се загрижени поради пукнатината долга 3 километри, која го дели селото на два дела.

50e8329e94grieta
Како што објаснуваат селаните, пукнатината настанала на 25 декември по надојдениот дожд од 200 мм за краток временски период.
Дождот предизвика оштетување на руралните станбени и несигурни конструкции, така што неколку семејства мораа да бидат потпомогнати и згрижени од страна на провинциската влада и хуманитарни организации.
Жителите известија дека пукнатината која се протегала најмалку три километри, продолжува нагоре во шумата, но не веруваат дека истата настанала од поројните дождови. Истата ја поврзуваат со претходни земјотреси.

50e832d71egrieta2

50e8329e94grieta

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1