Земјате се тресе: Земјотреси во Грција, Кина, Мексико – во Турција панично скокале од тераси


Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди вчера крајбрежниот регион на северна Грција, а потресот беше почувствуван и во Турција, Бугарија, Македонија, јужна Србија, Хрватска.
svet_zemljotresi-dnevne-600x347Земјотрес со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала-1998 денеска во 11 часот и 24 минути е почувствуван во југоисточниот дел на Македонија.
Во централниот и северниот дел на земјава интензитетот на земјотресот бил III степени.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал меѓу островите Лимнос и Самотраки во Егејското море. Кусо по првиот земјотрес регистриран е и втор потрес со интензитет од 5,4 степени.
zemjotres turcijaПотоа се регистрирани и вкупно десет помали секундарни потреси. Најмалку едно лице е повредено кога на аеродромот во Лемнос се урнал дел од покривот, соопшти полицијата.
Во делови од западна Турција, каде од јачината на потресот зградите се нишале, испаничените граѓани излегле на улиците.

Во Турција повредените се од островот Гокчеда, во областа Чанаккале, каде што во паника излегувале од зградите, а некои скокале и од балконите.Земјотресот оштетил неколку згради, меѓу кои и две џамии.

Потрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровара скала денеска (25.05) беше почувствуван и во југозападна Кина.
Земјотрес со сличен интензитет денеска беше пријавен и во јужно Мексико.Во главниот град Мексико сити се нишаа зградите.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1