Земјотрес ја стресе Македонија


Земјотрес ги вознемири жителите на дебраскиот регион претпладнево во 10 часот и 20 минути. Потресот траеше 10-13 секунди.

Како што информираат алабанските медиуми, епицентарот бил 18 километри југоисточно од албанското рударско гратче Булќиза, кое е на петнаесеттина километри оддалечено од Дебар.zemjotres

Земјотресот со јачина од 4,6 степени според Рихтер, се почувствувал и во Тирана. Нема информации за поголема материјална штета или повредени.

Во септември 2009 година земјотрес со слична јачина го погоди истото подрачје при што беа оштетени голем број куќи, посебно во областа Голо Брдо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1