Земјотрес на Средниот Запад може да направи нуклеарен пекол


Научниците предупредуваат дека поголем земјотрес на Нов Мадрид во САД, не само што ќе уништи поголем дел од инфрастуктурата во Средниот Запад во оваа земја, туку и ќе го осолободи и пртитсокот од радиоактивниот пекол, илјадници пати посилен и полош од оној на јапонската катастрофа Фукушима.

Неверојатните 15 годишни стари нуклеарни реактори се во можност да направат неверојатни катастрофални штети, доколку се случи земјотрес, сличен на оној од раните 1800-те години кој удри спротивно од течението на реката Мисисипи.
Природата е сурова и слепа. Таа под своја команда поседува титански сили и во моментот кога ќе ги ослободи, ги уништува луѓето како џиновска рака кога ќе тресне во мали животинчиња. Единствената одбрана на луѓето е среќата и здравиот разум. Но, на среќата не можеш секогаш да се потпреш, а здравиот разум се наметнува на патот да се направи добар профит, политичка целисходност или едноставно емоционална желба.

Тие три нешта се причината што некои луѓе во светот продолжуваат да ја предизвикуваат мајката природа. Тие се причината за создавањето на атомските енергетски фабрики, како онаа во Калифорнија „Еl Diablo“, кои се буквално изградени на озлогласената грешка на Сан Андреас.
Ваквите теории се поткрепени и со фактите дека најголемите земјотреси некогаш се случиле во регионите каде што се изградени нуклеарните централи, атомскиот отпад, како и нуклеарните центри за рециклирање.

Тектонскиот земјотрес би уништил поголем дел од Средниот Запад и би убил милиони луѓе. Би можел да направи материјална штета во висина од три трилиони долари. Не е прашањето за тоа дали, туку кога ќе се случи. Некои геофизичари тврдат дека тоа би можело да се случи и побргу од предвиденото.
Пречестите земјотреси во регионот на Нов Мадрид, ги доведува голем број на експерти во искушение за своите теории, и истите тие навестуваат и стравуваат дека можно е да се повтори земјотрес како оној во раните 1800 години.
Тогашните земјотреси во 1811 и 1812 година, во Нов Мадрид беа со толкава моќ и раздор, што доколку се повторат и денеска ќе направат непроценлива материјална штета и загуба на животи.

Денес ваквите мегаземјотреси би уништиле голем дел од инфраструктурата и би го нарушиле транспортот низ целата земја. Се доведува до прашање и снабдувањето со енергија и дистрибутивната мрежа на прехранбени производи и целосно разрушување на големите градови.

Една од најголемите американски телевизии АБC News објави студија во која е истражено дека еден земјотрес во Средна Америка може да предизвика уништување на 750,000 згради, 3000 разрушени мостови, протекување на локалните нафтоводи, односно се на се, штетата да изнесува околу 300,000 милијарди долари директна штета и 600,000 милијарди индиректни загуби што ќе се случат во подоцнежниот период.
Мемфис се потенцира дека ќе биде во фоксуот на катастрофата, во регионот Сент Луис, Мо, Литл Рок, Арк и многу други помали и средни градови кои што би претрпеле материјална штета од невидени размери.

Сето тоа ќе биде проследено со катастрофални дупки од неколку нуклеарни објекти, што ќе доведе до оштетување на земјината кора и ослободување на масовна радијација.
Колку лошо може да биде?
Додека некои од експертите веруваат дека земјотресите во Арканзас и неколкуте во Оклахома помагаат да се ослободи притисокот кој што е создаден во тој регион, нивни колеги сметаат дека потенцијален џиновски земјотрес, може да се случи и дека луѓето треба да бидат подготвени.

Настанот може да се случи многу порано отколку што некои научници предупредуваат. Веќе неколку вулкански активности се забележани во некои држави со геосинхронирани сателити. Но, како што и во многу други случаи, ваквите предупредувања од страна на експертите не се сваќаат сериозно и се игнорираат.
Блогерот Зен Гарднер откри дека постојат 15 нуклеарни централи во Нов Мадрид и три во Алабама, кои се од ист или сличен дизајн, како оние кои што експлодираа во Јапонија.

Извештајот USGS предвидува дека голем земјотрес ќе создаде ужасни сцени слични на оние од научнофантастичните филмови, со што ќе допринесе до значително намалување на сообраќајот и патната трговија.
Но, може да биде и полошо. Земјата ќе биде затруена и ќе биде уништено голем број на обработливо земјиште, што може да претставува загуба во исхраната за најмалку една генерација. Ќе се случи гладта да преовладее во многу делови од светот, па дури и во оние најиндустријализираните земји. САД ќе пропадне економски и врз светот ќе се сруши една децениска депресија.
Индустриите ќе пропаднат и проценките се дека е можно сценарио една милијарда од популацијата да биде збришана. Повеќето од оние ударни бранови ќе предизвикаат до големо ослободување на радијација, мегаземјотресите ќе предизвикаат и уништување на пејсажите.

Некои од нуклераните централи се стари и имаат GE дизајн, исто како ТЕРСО реакторите како оние од Фукушима.
Можеби истата судбина што ја доживеаја јапонските, ќе ги снајде и нукларните реактори во Америка. Иако можеби напреднале во планирањето и изградбата сепак ниту една агенција во Америка не може да биде целосно подготвена за да се справи со ваква катастрофа.

Со следниот гигантски земјотрес експертите се согласуваат дека инфраструктурата значително ќе биде оштетена, службите за итни случаеви ќе бидат неефикасни, државните служби, полицијата и противпожарните одделенија ќе бидат беспомошни. Комуникацијата ќе исчезне, диструбуцијата на храна, бензин, а пеколот ќе се зголеми. Нуклеарниот отпад ќе се разлее низ просторот, а дел од обработливите растенија ќе претрпат значителни оштетувања. Ќе има голем број на смртни случаеви, најмногу од рак кои што ќе се случуваат во подоцнежниот период. Мајката природа ќе направи се за да се заврши човековото постоење.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1