Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван денеска во 12:32 часот во Охрид, Струга и околината.
Земјотресот, според Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет, потекнува од охридското епицентрално подрачје, а неговиот епицентар се наоѓа на 100 километри југозападно од Скопје. Иинтензитетот на земјотресот, според Европската макро-сеизмичка скал 1998 е четири степени.
Освен вознемиреност кај жителите на Охрид, земјотресот што траеше 4 секунди и беше проследен со бучава, не предизвика материјална штета.