Македонците останаа без бугарски пасоши


Советот за државјанство на Бугарија ги отфрлил првите 200 незаконски поткрепени барања за бугарско државјанство, откако беа откриени големи пропусти во работата на Државната агенција за Бугарите во странство, во врска со издавањето потврди за бугарско потекло без соодветни докази и документи.pasos bugarija

Одбиените барања биле со незаконски потврди за бугарско потекло и роднински врски со Бугарија, туку само со рачно пополнети изјави на кандидатите за бугарска самосвест.

Многу од кандидатите, пак, биле муслимани и не го знаеле бугарскиот јазик. Во наредниот период ќе бидат разгледани уште стотици вакви спорни барања. Засилените мерки против пасошката мафија се преземени откако Државната агенција за Бугарите во странство одбила да соработува со Министерството за правда и Врховното обвинителство, кои уште минатата година утврдиле низа недоследности и незаконско работење во оваа институција.

Македонците и натаму остануваат први на листата со добиени бугарски пасоши. Од вкупно 4.578 лица, кои добиле бугарско државјанство во првите девет месеци од оваа година, 1.720 се Македонци.
Минатата година, пак, 4.852 Македонци обезбедиле бугарско државјанство од вкупно издадените 7.701 уверение, покажуваат податоците на Министерството за правда на Бугарија, пренесува Дневник.

Веднаш зад Македонците се граѓаните на Молдавија, кои лани добиле 1.613, а годинава 1.063 државјанства. Потоа следуваат Украинците (лани 182, годинава 797 лица) и Србите со бројка од 186 лица минатата година и 273 годинава.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1