Земјотресот открил скандал: Станбениот комплекс во Тајван бил “зајакнат” со конзерви!


Една повеќекатница која се урнала во земјотресот на Тајван, имала сериозни пропусти во инфраструктурата.

Урнатините откриле дека во темелите на зградата имало конзерви за масло за готвење. Сведоците на местото на несреќата раскажале дека виделе големи конзерви за масло внатре во ѕидните дупки околу зградата од 17 ката.Screenshot_128

Судејќи по сè, конзервите служеле како градежен материјал. Властите ангажирале три тима од инженери и започнале со истрага за рушењето на зградите стари две децении.

“Кога истрагата ќе заврши, ќе ги казниме оние кои би требало да бидат одговорни”, рекол градоначалникот на Тајнан, Вилијам Лаи.Screenshot_127

Инаку, конзерви внатре во ѕидовите биле причина што во текот на земјотресот во 1999. година на Тајван исто така се урнала една зграда.

Земјотресот со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала го погодил Тајван во петокот навечер. Бројот на мртви досега изнесува 33, од кои 31. лице загинале во урнатините од зградата која имала конзерви во ѕидовите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1