Земјотресот уништи 45.000 јајца на желки во Салвадор


Силниот земјотрес во Тихиот океан уништи над 45.000 јајца од загрозениот вид на морски желки во областа Салвадор, соопшти зоолошката фондација на земјата.

Директорот на програмата за заштита на желките Емилио Леон изјави дека земјотресот со јачина од 7,4 степени  предизвика најмалку три бранови со висина од околу 9 метри кои ја погодиле обалата и уништија илјадници гнезда од кои требало да излезат мали желчиња.

Околу 150 луѓе биле пратени да ги собираат јајцата за да ги заштитат желките, а тројца беа повредени од брановите. Според Леон, изминатата година ипол салвадорската зоолошка фондација успешно спасила 700.000 желки од четирите видови на кои им се заканува истребување.

Share Button
Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1