Зетот на Башар ал Асад загина во самоубиствен напад во Дамаск


Зетот на сирискиот претседател Асеф Шавкат, еден од водечките безбедносни лица во земјата, е меѓу погинатите во денените самоубиствени бомбашки напади во Дамаск во кои загина и министерот за одбрана, јавуваат странските медиуми.

– Заменик министерот за одбрана Асеф Шавкат убиен е во терористичките напади врз зградата на национална безбедност во Дамаск, соопштија телевизиите.

Според извештаите на телевизиите, нападот се случил додека во зградата во центарот на Дамаск се одржувал состанок на министрите за безбедност.

Шавкат беше еден од најопасните личности од потесниот круг на претстедателот Асад, наведува агенцијата АП. Бил женет со постарата сестра на претседателот Бушру.

Генералот Шавкат и министерот за одбрана генерал Дауд Раџа се двајцата највисоко сириски претставници кои настрадаа во нападот. Во нападот исто така повредени се и министерот за внатрешни работи Мохамед Ибраим ал Шар, шефот за национална безбедност Хижам Ихтијар и помошникот потпретседател Хасен Туркмени, стои во изјавите на еден извор од органите за безбедност.

Телевизиите јавуваат дека состојбата на министерот за внатрешни работи е стабилна.

Безбедносните извори потврдиле за агенцијата Франс Прес дека нападот го изведил бомбаш самоубиец кој активирал експлозив во просторијата каде што се одржувал состанокот на високите сириски челници.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1