Жените носеле долна облека уште пред 5 века!


Со досегашните истражувања се тврдеше дека долната облека потекнува од крајот на 18 век. Градниците од пред 100 години.

Најновото откритие во еден австриски замок ги побива сите претходни сознанија на историчарите за модата на нашите претци. Таму биле најдени парчиња долна облека многу слични на сегашните модели. Иако комплетот веќе почнал да се распаѓа сепак јасно се гледа формата и како и кројката.

Со ваков податок историјата на модата ќе треба да се пишува одново бидејќи ваквото откритие носи нови моменти за животот и навиките на луѓето од средниот век. Пронајдениот ленен комплет долна облека е дел од откриените 3.000 парчиња облека при расчистувањето на замокот Ленгберг лоциран во источен Тирол.

Се верува дека облеката е закопана при проширувањето на замокот во 1480 година и неверојатно поради отсуството на влага тие не се распаднале.

Во колекцијата има четири градници и два пара гаќички.

Два од градниците наликуваат на денешните, но другите два се опишани како “маици со торби”.

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1