Зголемен бројот на заразени со СИДА во Македонија – најмногу хомосексуалци


Дваесет и шест случаи на заболени од ХИВ-СИДА се откриени во првите седум месеци од годинава.

hiv sidaОд нив 10 граѓани се болни од СИДА, а 16 се ХИВ позитивни. Според полот, 25 се мажи, а само една е жена. Најголем број од нив се заразиле во хомосексуална врска, соопшти денеска доктор Жарко Караџовски, началник на Одделот за ХИВ и СИДА при Комисијата за заразни болести, на прес конференција.

Во изминативе 12 месеци, починале двајца мажи болни од СИДА, едниот бил на возраст од 40 до 49 години, а помладиот на возраст од 30 до 39 години. Најголем број од заболените се во Скопје – 16, две лица се од Свети Николе, тројца од Куманово, по еден во Тетово, Струмица и во Штип, а двајца од заболените се од Струмица.

Во периодот од 1987 година до денес се регистрирани 223 лица кои живеат со ХИВ и СИДА. Доктор Караџовски вели дека според последните истражувања, и голем дел од затворениците истакнале дека не користат кондоми како превентивна заштита, а дури 50 проценти од младите исто така не „љубеле“ да имаат сексуален однос со кондоми. Во 2013 година се изработени дури 24.562 теста за дијагностика на ХИВ во Македонија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1