Згради во кои “обичните смртници” неможат ни да влезат – мистерија е што се случува внатре


Тоа се градби кои што воодушевуваат со својата архитектура и целокупен изглед, но сепак, истите засекогаш се покриени со превезот на мистеријата… Во продолжение дознајте зошто.

Имено, постојат згради покрај кои луѓето поминуваат секојдневно, а притоа тие не знаат што се случува во нив. Всушност, голема е веројатноста и дека никогаш нема да дознаат затоа што во овие згради, пристап имаат само мал број на луѓе.

Дел од овие агенции се толку тајни што всушност, јавноста не знае ниту каде тие се наоѓаат и како изгледаат, ниту пак што точно е нивната задача.

Зградата “MI5” во Обединетото Кралствоmi 5 anglija

Оваа зграда е лоцирана во центарот на Лондон и во неа работи внатрешната контраразузнавачка и безбедносна агенција. Зградата е стара повеќе од 100 години и истата имала огромна улога во контраразузнавачките активности за терористите и шпионите.

Седиштето за владини комуникации во Велика Британијаsediste za vladini komunikacii zgrada

Станува збор за една од трите згради на британските безбедносни и разузнавачки акции. Во овие градби се откриваат заканите за националната безбедност, а работата во нив вклучува надзор поврзан со сајбер нападите, меѓународниот и домашниот тероризам, како и ширењето на нуклеарното, биолошкото и хемиско оружје.

Зградата “MI6” во Обединетото Кралствоmi 6
Вработените во оваа зграда се задолжени за снабдување на британската Влада со информации за разузнавачките настани во светот. Сместена покрај Темза, зградата помеѓу локалните жители е позната и како “лего-земја” или “Бабилон на Темза”.

Како тајна прва алатка за одбрана на британската национална безбедност, во оваа агенција се прибираат информации за настаните ширум светот, а кои би можеле да имаат влијание на политиката на Велика Британија и нејзините економски интереси. Иако е постара од 100 години, постоењето на агенцијата е признаено дури во 1994 година, кога била и преселена на моменталната локација.

Канадскиот разузнавачки естаблишмент

Станува збор за националната агенција за криптологија. Сместена е во Отава и е една од главните безбедносни и разузнавачки организации. Задолжена е за штитење на електронските информации на канадската влада, како и комуникациските мрежи.

Зградата на ЦИА во САД

Веројатно станува збор за најголемата разузнавачка агенција во светот! Сместена е во Ланглеј, а истата има главна улога во прибирањето на податоци за странските Влади, корпорациите и индивидуите.

cia zgrada

Зградата на НСА во САД

За разлика од ЦИА, на која што извори на податоци и се луѓето, НСА се концентрира на прибирање на податоци преку технологијата, набљудувајќи, прибирајќи, декодирајќи и преведувајќи бројни информации. nsa zgrada

Тајните програми на оваа агенција во јавноста беа разоткриени во 2013 година, од страна на Едвард Сноуден, кој што предизвика светски скандал, а потоа доби азил и привремено живеалиште во Русија.

Австралиската тајна агенција

Станува збор за агенција која прибира и дистрибуира податоци за развојот ширум светот, особено за азиско-пацифичките региони, кои би можело да влијаат на интересот и безбедноста на луѓето во Австралија.

avstralija tajna agencija

За постоењето на оваа агенција, цели две децении не знаеле ниту одредени членови на тамошната Влада, а нејзиното постоење во јавноста е признаено во 1977 година.

Генералниот директориум за надворешна политика во Франција

Оваа установа прибира и процесира податоци поврзани со безбедноста на Франција. Основана е во 1982 година и асистира во воените и стратешки одлуки, а поседува мрежа од околу 5.000 тајни агенти ширум Франција и остатокот од светот.

Федерална служба за разузнавање во Германијаrazuznavanje germanija
Станува збор за германска разузнавачка служба која што прибира воени и цивилни податоци. Надзорот го фокусира на меѓународните комуникации и прибира информации поврзани со тероризмот, оружјето за масовно уништување, организираниот криминал и информатичките војни.

Федералната безбедносна служба во Русија

Станува збор за рускиот наследник на КБГ. Оваа служба е сместена во Москва, а дел од нејзините главни операции се внатрешните активности, вклучувајќи и контраразузнавачки надзор и безбедност на границите.

kgb rusija

Истражувачкото и аналитичко крило на Индија

Станува збор за оддел основан во 1968 година кој примарно се фокусира на странските разузнавачки служби. Агентите го известуваат премиерот и единствено пред него се одговорни.

Пакистанската разузнавачка агенција

Станува збор за една од најозлогласените разузнавачки служби во светот. Основана е во 1948 година и се смета дека има огромно влијание на пакистанската Влада.

Мосад во Израел

Една од најмоќните разузнавачки агенции во светот е Мосад. Одговорна е за прибирање на разузнавачки податоци, тајни операции и против-тероризам, како и заштита на еврејските заедници.

Министерството за државна безбедност на Кина

Оваа служба е одговорна за странските разузнавачки активности и контрашпионските операции. Главниот приоритет им е да се идентификуваат непријателите и шпионите, а вработените се посветени и на борба со револуционерни активности со сите оние кои што се закана за комунистичката партија на Кина.

Tocka.com.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1