Никој не остана имун по трогателната приказна на ТВ Стар за беспомошната Полјакиња Јустина која лежи болна и гладна во беровско Русиново. Фантом за системот, без македонски документи оваа 45-годишна жена која нема пари да оди на клинички испитувања и нема дијагностицирана болест, дочека да ја види човечноста на луѓето.Први во пресрет излегоа од болницата Филип Втори од Скопје, пишува ТВ Стар.
Затоа што таква е мојата работа, јас секојдневно имам такви слични и полоши ситуации, каде директно ги помагаме и ги ослободуваме од некои плаќања и едноставно да можат адекватно да се згрижат и лекуваат, изјави д-р Жан Митрев, сопственик на „Филип Втори“.
„Го гледав прилогот за полјакињата од Русиново. Како да дојдеме до контакт во нивна близина да пробаме да помогнеме“…. „Жално, кога треба да се собираат гласови трчаат како блесави, а кога треба да помогнат на народот никакви ги нема. Срамота“…. Ве замолувам доколку имаме контакт број од човекот пишете ми во инбокс“… беа некои од коментарите.
Сопругот на Јустина, Славе Мадевски разговараше и со Амбасадата на Полска во Македонија од каде понудија помош.
Од секаде се јавија луѓе за помош, имаше и од странство, затоа отворив жиро сметка за оној кој може да помогне, изјави Славе Мадевски, сопруг на Јустина.
Славе отвори денарска и девизна жиро сметка во УНИ Банка, на која може да се уплаќаат средствата од донации. За него основно е да се излекува Јустина, а потоа ќе се решава и проблемот со сиромаштијата.Трогателната приказна за Јустина, уште еднаш покажа дека хуманоста живее.
Сметка за донации:
Славе Мадевски, с-ка
240217106445107, Уни банка
Девизна сметка
IBAN:MK07240217106445107
Televizijastar.com