Жардињера во облик на клавир никна кај тревникот кај Камениот мост во близина на Музејот на ВМРО. Кој ја смислис и наместил оваа жардињера токму таму, се уште е непознато, а фотографиите од клавирот – саксија во обид ги постави критичарот на уметноста Златко Теодосиевски на својот блог . Тој жардињарата ја нарекува „уште еден монструм во градот“.
„И, нормално, апсурдите мора да имаат капак. А нашиот капак се вика – „концертен клавир“ од плех, полн со цвеќе! Кој сака да го види нека појде до „спектакуларниот“ плоштад „Карпошово востание“, и лево од мостот, на едно пољанче, ќе го види последното „ремек дело“ на македонската скулптура! Не се знае кој е „уметникот“ што го стокмил, не се знае ни називот на „ремек делото“, уште помалку зошто тоа чудо се наоѓа таму. Ама, се знае, се гледа, дека изигрува – клавир! Да не е по повод тетка Есма, да ни одржи уште еден плус оние 12.000 концерти?“, коментира Теодосиевски.
Фотографиите од клавирот веќе се хит на интернет медиумите и социјалните мрежи, каде граѓаните зајадливо коментираат, особено на фотографијата на која се гледа дека авторот на клавирот од бел плех имал не многу успешни обиди да ги состави краевите на жардињарата.
Nova tv