Холандската компанија “Гронтмеј” го подготвила проектот за реконструкција на Железничката станица во Скопје, пишува порталот Билд.
Сега, откако проектот е изработен, се чека тендерот за избор на изведувач на градежните работи.
Сеуште не е познато дали ќе има само еден тендер или пак реконструкцијата ќе опфати неколку компании кои.
-Ќе се направат два лифта и подвижни скали за приод до пероните, нов информациски систем на влезот и на пероните, систем за разглас, ново осветлување, адаптација на санитарни чворови за лица со посебни потреби, климатизација, подигнат и реновиран под со плочки за полесно влегување во возот – вели помошник директорот за општи работи во МЖ-Инфраструктура, Петар Спасовски за порталот Билд.