Популарната српска двојка Жељко и Јована Јоксимовиќ донираа камион со флаширана вода за пиење за загрозените граѓани во Србија.
– Помагаме, како и сите граѓани од Србија и надвор од неа, во рамките на нашите можности. Солидарност и хуманост се работи кои се подразбираат, посебно во вакви ситуации – изјави Жељко.
Нивната помош е пратена во кризниот штаб за вонредни ситуации каде се сместени евакуираните граѓани од Обреновац.