Повозрасна скопјанка е единствениот сведок на денешната трагедија во Градскиот парк во Скопје, каде девојка на возраст помеѓу 23 и 30 години се самозапалила. Жената, видно потресена, седеше на клупата и на полицајците и на истражителите од јавното обвинителство низ солзи им раскажа што видела. Од полицијата велат дека таа ја алармирала Брзата помош, но и побарала помош на МВР на бројот 192, пишува Плусинфо.
Девојка на возраст меѓу 25 и 30 години попладнево се самозапалила во Градскиот парк во Скопје кај паркингот на ресторанот Балканика дознава Press24 од полициски извори. Идентитетот на девојката не е познат. На лице место пристигнала Брза Помош, но лекарите не можеле да сторат ништо. Била констатирана само смрт.
Нема информации од кои причини девојката се решила на ваков чекор.
Патолозите, како што велат од полицијата, ќе треба да откријат со каква запаллива течност се полила девојката пред да си го одземе животот, која е таа, а МВР ќе треба да ја истражи позадината на овој случај.