Жена е одговорна за смртта на 95-те лица во Анкара


По вчерашниот терористички напад во Анкара, истрагата покажала дека од двајцата бомбаши- самоубијци кои се одговорни за смртта 95-те лица учесници на митинг, е жена.

Според очевидци, жена влегла во тоалет во зградата на централната станица, каде што останала невообичаено долго. Кога излегла, била наредена со бомби и со брзи чекори се упатила кон луѓето на митингот.ankara 2

Утврден е идентитетот на 52 од жртвите. Според официјалните податоци убиените се 95, во критична состојба по тешки повреди се 48, а повредени се 246 лица.

Додека Турција добиваше изрази на сочувство од светските лидери, се огласи и Исламската држава, која го поздрави нападот, а на пораката пратена по Твитер посакаа бројот на жртви да бил поголем.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1