Непозната жена со нож нападнала деца на улица во Бејхај, во јужната кинеска провинција Гуангси. Постарото девојче е повредено, а 3-годишно дете починало од убодот, јавуваат кинески медиуми.
Осомничената е на околу 40 -годишна возраст и е приведена во пилиција, од неа од одземен кујнски нож. Се претпоставува дека жената имала ментално нарушување. Не се наведува дали жената на некој начин била поврзана со жртвите.
Постарото повредено девојче, кое е на возраст од 9 години, е пренесено во болница.