Една жена е избодена со нож, а три лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во неделата вечер настанала расправија помеѓу две семејства од Битола, која прераснала во физичка пресметка. Дваесет идеветгодишниот Ф.В. со нож ја прободел М.В., по што тој заедно со 20-годишниот Е.В. физички нападнале уште две лица на кои им нанеле скршеници на раката и повреди на главата. Едниот од нив бил удрен со метален предмет во главата и е задржан на лекување на клиниката во Битола.
Полицијата поднесе кривична пријава против Е.В.(20) и Ф.В.(29), двајцата од Битола, за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”, а судија им одреди притвор од 30 дена