Во битолското село Буково вчера околу 14 часот настанал пожар во куќа сопственост на 76 – годишната Драгица.Ш. Од страна на екипа од ППЕ-Битола пожарот бил изгаснат.
Околу 17:00 часот, кога бил извршен увид од страна на екипа од СВР Битола, било забележано дека при пожарот во куќата, сопственичката целосно изгорела.
Причината е несоодветно ракување со грејното тело.