„Време е за Голема Албанија, да ја земеме Македонија“ – Албанците се подготвуваат за војна на Балканот


Познатиот косовски публицист и новинар, Батон Хаџиу, гостувајќи во емисијата „Опинион“ даде изјава која до сега никогаш не се чула од негова уста, а толку отворено не ја изустил никој друг, јави онлајн изданието на приштинскиот весник „Зери“.baton hadjiu

Тој изјавил дека Албанците треба да се обединат во една држава и оти тоа повеќе не е дилема. Хаџиу додал дека ако е потребно „ Албаците треба да војуваат за да го земат северот, Прешевската Долина и делот на Македонија каде живеат Албанци“.

„Мора да се ревидираат границите на макеоднските Албанци и Албанците во Прешево. Постоењето на повеќе балкански албански држави и бескорисно. Време е за етничка Албанија. По ова што се случи во Белград време е да се обединиме. Нас не водат двајца предавници- еден во Косово еден во Албанија. Ние треба да се подготвиме за војна. Да го земем северот. Да ја земеме Македонија. Да ја преиспитаме секоја граница“.

Според него време е Албанците да ја разгледаат нивната позиција кон Србија. Уште нагласил дека по последниот инцидент на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија, Косово треба северот да го земе со војна. Во врска со посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Белград смета дека посетата и подавањето рака е најлошото што може да се случи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1