Жена која тврди дека ја родила нивната ќерка ги тужи Бијонсе и Џеј Зи


Прашината околу можниот развот на најпознатата музичка двојка Бијонсе и Џеј Зи на момент останала во втор план поради појавувањето на извесна жена која тврди дека ја родила нивната ќерка Блу Ајви Картер.

Како што пишуваат странските медиуми, Бијонсе и Џеј Зи ги тужи жена која тврди дека ја родила нивната двегодишна ќерка.

beyonce-tina-seal-real-mama-blue-ivy-lawsuit-pp-slГласините дека познатата двојка ангажирала сурогат мајка која ќе им роди дете одамна постојат, а сега сомнежите повторно се будат. Извесна Тина Сила се обратила на судот во Њујорк и барала финансијска компензација за тоа што на оваа двојка му родила дете.

Меѓутоа ова не е првпат оваа жена да прави вакви работи кога познатите двојки се во прашање. Пред извесен период тврдела дека ја родила и Норт Вест, ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест, а исто така тврдела дека има врска и со децата на Мајкл Џексон.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1