Жена му на Милошевиќ нека каже зошто татко ми е убиен – збесна синот на Иван Станболиќ


Поранешниот претседател на Србија Иван Стамболиќ пред 14 години беше киднапиран во белградски Коштуњак и потоа убиен на фруша Гора по наредба на Слободан Милошевиќ.

506760_stanbolic-foto-reuters-m-djurica_ffПетмина припадници на „црвените баретки“, нивниот командант Легијата неговиот заменик Милорад Брацановиќ и шефот на Државната безбедност, Радомир Марковиќ се правосилоно осудени за ова убиство, а со пресудатата се утврдува дека убиството го извршиле по наредба од Слободан Милошевиќ, тогашен претседател на поранешна Југославија.

Синот на Иван Стамболиќ прозборе за убиството на неговиот татко за српски Блиц.

– Татко ми често го влечкаше Милошевиќ зад себе и го доведе на местото од каде тој почна да ја урива Југославија. Му обезбеди функиција од кој тој го избрка од политиката, и му го направи тоа што го направи, а граѓаните и државата ги доведе на раб на опстанок, рекол Вељко

Синот на Иван Станболиќ ја прашува сопругата на Слободан Милошевиќ зошто е убиен неговиот татко.

– Мира Марковиќ треба да се праша зошто нејзиниот сопруг го уби мојот татко, кој му беше ментор, изјавил синот на Иван Стамболиќ.

Во неделата во круго на семејството беше одбележана годиншнината од смртта на Иван Стамболиќ. Според синот на Иван никој од државните преставници никој не посакал да дојде „како да не сакаат да се сеќаваат на тоа“.506761_stanbolic-foto-nebojsa-raus_ff

За потсетување, Иван Стамболиќ беше убиен на 25 август 2000 година во близина на неговиот дом во Белград, како што вели синот на Иван на тој ден бил роденденот на неговата помлада ќерка Тијана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1