Археолозите влегоа во гробницата од времето на Александар Македонски (ФОТО)


Археолозите кои работат на големата гробница од периодот на Александар Македонски на северот на Грција влегоа во подземниот комплекс кој изгледа е ограбен уште во античко време.

Грчкото миистерство за култура соопшти дека архолозите делумно го истражиле претсобјето на гробницата во Амфиполис и откриле мермерен  ѕид зад кој се наоѓа уште една или две простории.

 

grobnica-1

Дупката на украсениот ѕид и знаците од насилниот влез укажуваат дека гробницата одамна е ограбена.

Гробницата датира од периодот меѓу 325.година п.н.е. – две години пред смртта на Александар Велики – и 300 години п.н.е. Нејзиното откритие ги поттикна шпекулациите за содржината, а посебно бидејќи локацијата ја посети и грчкиот премиер Антонис Самарас.

Се шпекулира дека во неа се наоѓа големо богатство или останките од големиот војсководец или неговата сопруга Роксана или нивниот син Александар Четврти.grobnica-3-480x320

 

Александар Македонски умре во 323 година п.н.е., а најверојатно е закопан во Египет.

Древниот Амфиполис е основан како атинска колонија 437 година п.н.е., а Филип Македонски, таткото на Александар, го освои во 357
година п.н.е.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1