“Ме зграби, не можев да направам ништо – Мислев дека ќе умрам”!


Перуанската наставничка преживеала страшен напад од лав во циркус. Ѕверот ја зграбил и ја влечел околу кафезот 30-тина секунди.

lav66

На Јутјуб се појавило видео од нападот на лав на наставничка, која тренерот ја повикал да учествува во настапот како дел од точката. Никој не се надевал дека наставничката ќе добие посебен третман.

Роксана Гевара можела само беспомошно и со страв да се надева дека моќната лавица ќе ја ослободи. Лавот ја влечел и си поигрувал со неа како да станува збор за кукла, а не за човек.

Инцидентот се случил во градот Кузко, а наставничката нападот го преживеела со тешки повреди на вратот и телото. Од болничкиот кревет рекла дека се јавила да учествува на точката за да покаже дека лавовите не се агресивни, пренесува Mirror.

“Ме зграби, не можев да направам ништо. Вратот ми го зграби со шепите. Мислев дека ќе умрам”, рекол Гевара.

Изгледа дека циркусот ги прекршил законот усвоен во 2011. година во таа земја, со кој би забрането да се користат диви животни на тој начин. Истрагата е во тек.

Tocka.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1