Жена од 220 кг позира за еротско списание за да си плати заврзување на желудникот (Видео)


Салин Витворт е тешка 220 килограми и вели дека поради тоа се чувствува како циркуска наказа.

Untitled-1Оваа мајка од Тексас е толку очајна, што се одлучила да подлегне на операција за намалување на желудникот, позната и како гастритички бајпас.

Со оглед на тоа што оваа операција не е покриена со здравственото осигурување, таа собира пари така што позира за еротски сајтови кои ја прикажуваат дебелината како фетиш. Во документарниот филм со име „All of Me: A Story of Love, Loss and Last Resorts“, Салин објаснува дека мора под итно да ослабе, затоа што во спротивно повеќе нема да може да оди.

Таа се запознала со својот сопруг на интернет, додека бил во потрага по дебела жена. Така Салин добила идеја својата дебелина да ја претвори во средство за собирање пари.

– Се чувствував како циркузантска наказа, а потоа помислив – ако мажите сакаат циркус, тоа и ќе добијат, изјавила Американката која разголена се сликала за еротски сајтови.

Мајката на осумгодишно девојче вели дека ќе продолжи да позира се додека не собере доволно пари за операција или додека не најде друга работа чие осигурување ќе ги покрие трошоците.

Salin-Vitvort

Режисерката на споменатиот документарец Александра Лесказе, освен Салин претставила и уште две други жени кои исто така се обидуваат драстично да ослабат.

– Го правам ова затоа што сакам да бидам здрава. Не сакам на 62 години да лежам во болнички кревет, вели во филмот Џуди Синлер, пријателка на Салин Витворт.

Во некои од сцените се појавува и Дон Брукс, која со 160 килограми работела како модел.

– Ќе облечев костим за капење и ќе почнев да трчам по сладолед додека ме фотографираа. Не знаев дека за многу мажи дебела жена е фетиш. Еден од нив ме молеше да седнам на него, вели Брукс.

Режисерката на филмот истакнува дека целта е да ги сруши предрасудите.

– Сакав луѓето да видат колку е тешко да си дебел и да престанат да ги етикетираат дебелите луѓе како мрзливи, валкани и глупави, вели Александра Лесказе.

Видео: Трелер за документарецот за Салин Витворт и нејзините пријателки

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1