Жена од Делчево останала инвалид поради погрешно поставен гипс во болница


„Ми ставија гипс од лакотот до рачниот зглоб, иако на докторот му реков дека ме боли во рамото“, објаснува 63-годишната С.Ф. од Делчево како почнало лекувањето  во кочанската болница. Пред околу 2,5 години таа паднала од скали и го скршила десното рамо. Оттогаш досега нема мир, само болка. Скршеницата се’ уште не и’ е излекувана, па раката буквално виси и како да ја нема, зашто не и’ функционира. Вели дека повеќе личи на инвалид без една рака.

gipsНесоодветниот третман и долгото нелекување си го сториле своето. Повреденото рамо е толку истрошено што мора да се замени со вештачки зглоб. Но, и за оваа операција вели дека чека уште од пред Нова година, никако да стаса на ред да се оперира на некоја од скопските болници. Во меѓувреме за несоодветно лекување ги тужела болницата и лекарите и Судот во Кочани едвај пресудил материјална отштета од само 3.200 евра.

Кога штипскиот лекар и’ ги „отворил очите“ што се случило, побарала помош од невладините организации КХАМ од Делчево и РОМА СОС од Прилеп, кои правно ја подучиле дека има право да ја тужи болницата и лекарите.

Но, тука не завршуваат маките на делчевката Сафие. Таа сега се убедува со лекарите од скопските болници дека ако во скоро време не и’ се стави вештачко рамо, целосно ќе ја изгуби раката. „Цели 2,5 години имам болки, се отрув од пиење апчиња, желудникот ми е ’партал‘, а сега сум и на инфузии од што веќе не ми помагаат лекови на уста“, се жали Сафие и ги моли лекарите што побрзо да ја оперираат.

Прво и’ било ветено дека ќе ја оперираат во градската општа болница „8 Септември“ околу Нова година. Потоа излегло дека нема вештачки зглоб и ја препратиле во градската хируршка клиника „Св. Наум Охридски“.

Целата сторија на – Утрински Весник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1