Милка Савиќ, позната адвокатка од Загреб, девет години трпела тешко искашлување. Никој од лекарите не можел да ја пронајде причината за нејзината мака. Неодамна, додека се туширала, почнала да се гуши, и искашлала десет сантиметри долг црв кој имал портокалова глава и темна точка на неа.
Шокирана, не успеала да го фати црвот, кој завршил во одвод иако тоа би помогнало лекарите да утврдат што е и како се нашол во нејзиното тело и дали тој е причината што кашлала од 2005 година.
Лекарите пред тоа не успеале ништо да откријат цели 9 години. Прво мислеле дека е чир на желудецот, но сите тестови биле во ред, одела на инхалации, правела тестови на пулмологија но немало никакви знаци. Единствено на бронхоскопија лекарите забележале нешто чудно во белите дробови, но заклучиле дека е пулсирачка вена. На крајот дури и ја испратиле на психијатар, бидејќи мислеле дека тоа и` е последица од стрес.
Милка пробала и секакви неконвенционални лекови, а на крај позитивно влијаел прополисот. По два месеци земање искашлала црв.
Како паразитот дошол до нејзините бели дробови, останува тајна. Лекарите се сомневаат дека тој влегол во нејзиното тело за време на патување во Австралија, по кое и почнала да кашла.