Жена се породи на паркинг во Скопје


Тресет годишна жена се породи на паркинг во Скопје. Утринава околу 10 часот на паркингот во близина на маркетот Bricolage спроти Кванташки пазар родила живо женско дете, дознава zdravstvo24.mk од сведок на несекојдневниот настан.

brza-pomos-sk-300Веднаш била повикана Брза помош. Екипата стигнала навреме за да ја пресечат папочната врвца и да им укажат помош на родилката и новороденчето да не добијат инфекции. Со амбулантно возило мајката и бебето биле пренесени на скопските клиники. Жената била примена на Клиниката за гинекологија, а бебето е хоспитализирано на Детската клиника, потврдуваат за zdravstvo24 од Итната медицинска помош.

Од службата додаваат дека на повикот за породување во близина на маркетот Bricolage екипата стигнала за неколку минути и покрај тоа што во истовреме имало неколку повици за итни случаи. Инаку жената имала уште пет деца, ова и било шеста рожба. За две години ова е трето породување на улица и на паркинг во кој асистираат екипи на Брзата помош, пишува zdravstvo24.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1