Жена загина, а четири се повредени во тешка сообраќајка кај Радовиш


Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на патот Штип-Радовиш во близина на клучката кај село Љуботен, во која 51-годишна виничанка им подлегнала на повредите, а четири лица се повредени.

Несреќата се случила во 19.35 часот меѓу патнички возила „мерцедес“ со винички таблички и „ауди“ со струмички регистерски таблички, кои се движеле во спротивни правци.

Во возилото „ауди“ со тешки телесни повреди се здобил 38-годишниот возач Т.Б од Струмица, кој е пренесен на Клиниките во Скопје. Повреден бил и неговиот сопатник 49-годишниот Т.А.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1