Жената која беше застрелана во Капитол им подлегна на повредите


Жената која беше застрелана во зградата на Конгресот на САД за време на упадот на приврзаниците на Доналд Трамп починала во болница. Засега нема информации за нејзиниот идентитет, ниту, пак како настрадала.

Вознемирувачко видео:

Во меѓувреме агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) влегоа во Конгресот на САД, откако демонстрантите ја напуштија зградата, по видео обраќањето на претседателот Доналд Трамп.

Но, иако тој ги повика да заминат дома, толпата се уште е пред Конгресот, а се забележуваат и групи по централното подрачје на Вашингтон.

Во меѓувреме за помалку од еден час (во 18:00 локално време), започнува полициски час воведен претходно од градоначалникот Мјуриел Баузер. Таа претходно ја повика и Националната гарда во помош да се воспостави поредок во градот.

Њујорк тајмс јави дека армијата веќе ја активирала целата национална гарда задолжена за округот Колумбија, каде се 1.100 војници. Тие се веќе во градот и се распоредуваат на неколку локации околу Вашингтон.

Во меѓувреме, Си-ен-ен предава дека безбедносните служби досега откриле три експлозивни направи на неколку локации во Вашингтон, апитол хил. Не се знае дали направите се вистински или лажни, но се третираат како закана. Една била најдена во комплексот згради на Капитол хил. Претходно е јавено за поставена бомба во штабот на Републиканскиот национален комитет (РНЦ), а друга сомнителна пратка се појавила и во просториите на Демократскиот национален комитет (ДНЦ).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1