Жената му дала бубрег и му го спасила животот – а тој ја изневерил и оставил


Жената која го спасила својот сопруг од сигурна смрт, така што му дала еден бубрег, сега тој бубрег го сака назад затоа што сопругот по операцијата ја оставил

Енди Ламб бил на смртна постела поради бубрежно заболување, а во живот го одржувала дијализата.

bubreg mu dala-Му беше потребен нов бубрег, раскажува неговата сопруга Саманта која го убедила да прифати таа да му донира еден бубрег.

Двојката се венчала во 2007 година, а Енди ја напуштил Саманта во 2012 година. Саманта која сега ги чека документите за развод вели дека зажалила веднаш откако била оперирана.

Таа верува дека Енди ја изневерувал со нејзина пријателка, што тој го негира.

Тие се обиделе да го спасат бракот, но Саманта тврди дека подоцна открила како Енди имал „секси“ разговори со разни жени преку интернет.
-Повторно би минала низ операција, да можев да си го вратам мојот бубрег назад. Го мразам. Подобро да го подарев на некој друг мојот орган, вели 41 – годишната Саманта.

Енди пак вели дека никогаш не сакал Саманта да му донира бубрег бидејќи тоа било голем ризик, но дека таа инсистирала. Тој додава и дека засекогаш нејзе ќе и го должи животот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1