Жена од Тексас тешка дури 450 килограми е обвинета за убиство на својот внук и тоа така што го задушила со својата тежина откако случајно паднала врз него.
Обвинувањата за убиство се отфрлени бидејќи е утврдено дека ја преземала вината со цел да ја заштити својата сестра која е уапсена поради нанесување на повреди од кои починало детето. „Убиец од половина тон“ како што тогаш ја нарекоа медиумите, сега ја симнала лагата од своето име и започнала нов живот со драстична промена на тежината.
„Бев жива, но не живеев“, вели Мајра Рсалес сеќавајќи се на тие времиња.
До денес Мајра со помош на диета и хируршки зафати намалила 362 килограми па сега има фантастични 88 килограми, а планира да намали уште 13 јавува АБЦ Њујз.
Како што вели нејзиното патување не било едноставно, но се исплатело. Се надева дека со својата приказна ќе ги мотивира и другите да ги решат своите проблеми со прекумерна тежина.