Жени во Македонија губат работни места поради бременост


Жените во Македонија го губат работното место кога ќе забременат, поради тоа што потпишале договори на определено време.

37 годишната Анета од Скопје не очекувала дека во потрагата по нова работа најголема пречка ќе ѝ биде тоа што не е мажена и нема деца. На Анета не ѝ паднало чудно кога директорката на крајот на интервјуто ја прашала дали е во брак, иако забележала дека нејзиниот лик се променил кога одговорила негативно.devojce bremena test

Тоа се покажало и пресудно за Анета да не ја добие работата. Откако од фирмата на мејл ја известиле дека се решиле за други двајца кандидати и добила одговор кој не го очекувала.

„Примивме едно машко и едно женско со две деца, бидејќи навистина голем проблем ни претставува примање нов вработен, па по извесно време одење на трудничко… Со цел да формираме стандардна екипа, се решивме за тие двајца кандидати. Анета, се надеваме дека ќе ја разбереш нашата ситуација и ти посакуваме среќа и брзо вработување , гласел мејлот.Screenshot_53

Во Законот за работни односи во членот 6 е уредена забраната за дискриминација. Во законот прецизно е наведено дека работодавачот не смее барателот на вработување или работникот да го става во нееднаква положба, меѓу другото и поради полот. На жените и на мажите мораат да им бидат обезбедени еднакви можности и еднаков третман во врска со пристап до вработување, вклучувајќи унапредување и стручна и професионална обука во работата и условите за работа.

„Меѓутоа прашање е колку законските одредби се почитуваат и колку се следи дали се спроведуваат, затоа што имаме многу примери на жени кои пријавуваат дека им се прекршуваат правата“

Елена од Скопје на 24-годишна возврат за прв пат се вработила во приватна фирма за имплементација на софтвери, откако ја поминала потребната обука со договор на определено време во рок од три месеци. Во меѓувреме, таа, иако не планирала, останала бремена.

„Кога им јавив дека сум трудна беа изненадени и воопшто не регираа добро на веста“ вели Елена, на која ѝ дадовме псевдоним со цел да ѝ го заштитиме идентитетот, бидејќи таа се плаши од последиците во иднина.

„Ме одјавија на еден ден пред истекувањето на договорот без никакво објаснување. Поради прекинот, иако најдов работа во друга фирма со која се договорив сама да ги плаќам придонесите, не бев во можност да добивам труднички надоместок“, додава Елена.

Проблемот е тоа што овој закон ги штити само жените вработени на неопределено време, но не и жените коишто се вработени на определено време.

Целата сторија на – prizma.birn.eu.com

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1